Нов претседател на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство

На 17.02.2023 год. во просториите на М.З. ‘Блаже Рогозинарот’ во Битола, со почеток во 18 часот се одржа Изборно собрание за избор на претседател на Регионалното Здружение за Македонско-Руско Пријателство ‘А.А.Ростковски’(во понатамошниот текст Здружение).
Собранието го отвори досегашниот претседател на Здружението Пеце Гаштаров кој истакна дека неговиот мандат веќе изминува и тоа налага избор на нов претседател. Гаштаров се изјасни за историјатот на здружението и за актуелните активности, а потоа побара присутните да предложат кандидат за нов претседател на Здружението и како единствен предлог беше кандидиран Зоран Алексовски.
Кандидатот Зоран Алексовски се представи пред членовите на Здружението и потоа беше избран со акламација.
Здружението за македонско-руско пријателство во Битола влечи корени од далечната 1992 година, а беше ребрендирано 2012 година као Регионално Здружение за македонско-руско пријателство ‘А.А.Ростковски’. Здружението можи да се пофали со низа активности, манифестации, средби и други настани пред се на културно поле со кој се афирмира пријателството помеѓу двата народи.
Оваа година Здружението одбележува јубилеј на манифестацијата ‘Денови на Ростковски’ која датира од 2012 година.
