Соопштение од ООУ „Стив Наумов“ – Битола: Случајот со заканувачките пораки е пријавен во надлежните институции

Од ООУ „Стив Наумов“ – Битола информираат дека училиштето веднаш постапило по случајот со ученик кој преку социјалните мрежи објавувал недолични и заканувачки пораки кон соученици и нивни родители.

Како што наведуваат од училиштето, иако содржините не биле објавувани во рамки на наставниот процес, по претставка поднесена од група родители до ДПИ, биле известени надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование при Општина Битола.

Од училиштето посочуваат дека се преземени мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и обезбедување безбедна средина.

Во соопштението се апелира јавноста да не шири непроверени информации и да ја почитува приватноста на сите инволвирани лица, особено затоа што станува збор за малолетници.

„Безбедноста и благосостојбата на учениците останува наш највисок приоритет и училиштето ќе продолжи да соработува со надлежните институции до целосно разрешување на случајот“, наведуваат од ООУ „Стив Наумов“ – Битола.


1176

Задолжително

Verified by MonsterInsights